Страшен судир со глави на Садио Мане со голманот Возиња!

Страшен судир со глави на Садио Мане со голманот Возиња!

пред 3 години

Дуелот од осминафиналето на Африканскиот куп на нации меѓу Сенегал и Зеленортските Острови ни донесе застрашувачки судир на главите на ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане и противничкиот голман Жозе Возиња, по што следеа вознемирувачки сцени со голманот, ВАР-проверка и црвен картон за Возиња.

Највознемирувачко беше однесувањето на голманот Возиња, кој иако очигледно доби силен удар во главата, се расправаше со докторот на својата репрезентација и со соиграчите, најверојатно поради потрес на мозокот. Тој доби црвен картон додека седеше на носилка покрај теренот. Мане пак, го продолжи мечот и шест минути подоцна ги донесе Сенегал во водство.

Share
Scroll to Top