Судијата со баскет погоден во меѓуножје, а потоа заврши и на паркетот

Судијата со баскет погоден во меѓуножје, а потоа заврши и на паркетот

пред 3 години

НБА мечот меѓу Феникс Санс и Чикаго Булс ќе остане во лошо сеќавање за еден од судиите, Лирој Ричардсон, јавуваат американските медиуми.

Најпрво хрватскиот интернационалец Дарио Шариќ случајно со баскетот го погоди судијата во меѓуножјето. Но тоа не беше единствената непријатно синоќа за Ричардсон.

Кратко потоа крилото на Чикаго, Дензвел Валентајн во полн трк налета на арбитарот по што тој се најде на паркетот.

Поради повредата мораше за кратко да седне, а мечот беше прекинат неколку минути.

Погледенете ги двете бизарни ситуации:

Share
Scroll to Top