Суперлигата им се заканува на Чеферин и УЕФА

Суперлигата им се заканува на Чеферин и УЕФА

пред 11 месеци

Нема мир во односите меѓу Европската Суперлига и УЕФА.

Како што пренесува шпанскиот дневен весник „Спорт“, челниците на Суперлигата по одлуката на Европскиот суд на правдата се решени да истраат за да заживее нивното натпреварување.

Оттаму испратија писмо на адреса на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, во кое бараат од него „итно прекинување на антиконкурентното однесување кон компанијата А22, која ја промовира Суперлигата.

„Претседателот на УЕФА јавно повика и погрешно го протолкува писмото во кое бараме УЕФА да се однесува во согласност со законите на ЕУ и да престане со активностите насочени кон попречување на активностите на А 22. Имајќи предвид дека водиме јавен дијалог за иднината на европскиот фудбал, во целост го објавуваме писмото од кое бараме УЕФА веднаш да се откаже од своето антиконкурентско однесување за да го исклучи А 22 од европскиот клупски пазар“, се вели во соопштението на А 22, потпишано од Џон Хан и Анас Лаграри, како и извршниот директор Бернд Рајххарт.

Во писмото дополнително се нагласува дека А 22 „го задржува целосното право да преземе соодветни мерки против УЕФА и нејзините лидери, барајќи корективни мерки и соодветна компензација за материјалната штета што таквото антиконкурентно однесување им ја предизвика на А 22 и неговите партнери“.

Share
Scroll to Top