Спринт-квалификации на три трки во Ф1

Спринт-квалификации на три трки во Ф1

пред 3 години

Формула 1 соопшти дека оваа сезона на три патеки ќе се возат спринт квалификации, кои ќе го одредат стартниот поредок пред трките.

Квалификациите за спринт-трките, ќе се возат во петок, по првиот слободен тренинг. Програмата во сабота би започнала со вториот слободен тренинг, а потоа би следувале спринт квалификациите, односно борбата за пол-позицијата.

Во спринт-квалификациите, возачите ќе се тркаат на 100 километри. Формула 1 соопшти дека сезонава, овој систем ќе биде применет за трките во Силверстон, Монца и една неевропска трка.

Најбрзиот возач во спринт-квалификациите ќе добие три бода, второпласираниот два, а еден бод ќе добие третопласираниот.

Share
Scroll to Top