Табак: Дражен беше талентиран, ама Кукоч е најдобар европски играч

Табак: Дражен беше талентиран, ама Кукоч е најдобар европски играч

пред 3 години

Трофејниот хрватски кошаркар, Жан Табак кој веќе години наназад успешно се справува во тренерските води за разлика од многумина кои сметаат дека Дражен Петровиќ е најдобриот кошаркар на овие простори, смета дека има и подобар од него.

„Дражен беше неверојатен кошаркар, дефинитивно највредниот играч, помина најмногу часови во салата. Такви играчи не сум видел ни пред ни по него. Тој беше неверојатен кошаркар, еден од најдобрите. Сепак, по мое мислење најдобар европски играч со кого сум бил во тим е Тони Кукоч“ – вели Табак.

Табак за најдобар центар меѓу кошаркарите го смета Хаким Олајџувон, Нигериецот кој му беше соиграч во Хјустон сезоната 1994-1995 кој тимот од Тексас стана шампион во НБА.

Share
Scroll to Top