Тао Гејган Харт е шокантен победник на есенското Џиро Д’Италија

Тао Гејган Харт е шокантен победник на есенското Џиро Д’Италија

пред 4 години

Британскиот велосипедист Тао Гејган Харт е неочекуван победник на Џиро Д’Италија во неделата, победувајќи го Џеј Хиндли во драматичниот финиш на последната етапа, која беше трка на хронометар.

25-годишниот лондончанец станува петти победник на една голема велосипедска трка во историјата, по Крис Фрум, Герант Томас, Сајмон Јејтс и неговиот близок пријател и идол, Бредли Вигинс.

Последната етапа беше 15.7 километри долга трка на хронометар од Кернуско Сул Навиљо до Милано, и Гејган Харт имаше идентично време пред стартот со Хиндли, за на крајот да триумфира со само 39 секунди предност. Победа на етапата оствари колегата на Гејган Харт од Тим Инеос, Филипо Гана, за кого ова беше трета етапна победа во овогодишната трка, која поради корона вирусот се возеше во октомври наместо во редовниот термин во мај.

Share
Scroll to Top