Тајгер Вудс излезе од болница: Секој ден ќе бидам се подобар и посилен!

Тајгер Вудс излезе од болница: Секој ден ќе бидам се подобар и посилен!

пред 4 години

Легендарниот американски голфер, Тајгер Вудс излезе од болница и опоравувањето ќе го продолжи во домашни услови поради повредите кои ги доживеа во сообраќајната несреќа од пред три седмици. Вудс на Твитер рече дека се враќа дома и се заблагодари на сите за пораките на поддршка и охрабрување.

„Дома ќе ја продолжам рехабилитацијата и ќе работам на тоа секој ден да бидам се подобар и посилен“ наведе 45-годишниот голфер, пренесе „ББС“.


Тајгер на 23 февруари доживеа тешка сообраќајна незгода по која морале да го сечат возилото за да го извадат од него. Автомобилот бил пронајден покрај пат превртен на страна со тешко оштетен преден дел. Вудс имал неколку скршеници на десната нога, а со операција му биле стабилизирани стапалото и скочниот зглоб.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека тој не бил под дејство на алкохол или дрога во времето на несреќата.

Вудс, кој е еден од најдобрите голфери на сите времиња со 82 титули, нагласи дека тоа што бил врзан било клучно, но секако му помогнало и тоа што возел „Hyundai Genesis GV80“ вреден околу 50.000 евра, опремен со 10 воздушни перничиња.

Share
Scroll to Top