Тајсон Фјури по десет рунди го принуди Чисора на пораз

Тајсон Фјури по десет рунди го принуди Чисора на пораз

пред 2 години

Шампионот во тешка категорија во верзијата на Светскиот боксерски совет, Тајсон Фјури, ја одбрани титула против Дерек Чисора. Судијата во десеттата рунда одлучи да го прекине мечот откако Фјури потполно доминираше и го принуди ривалот да капитулира. Повеќе од 60.000 гледачи го следеа боксерскиот спектакл на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Светскиот првак наметна свој ритам од стартот, со комбинација од удари го тероризираше Чисора, кој немаше одговор за долгите и брзи раце на Фјури.

Навивачите знаеја дека и во третата пресметка меѓу двајцата не може да се очекува поинаков развој од претходните две убедливи победи на Фјури. Она што се случи во рингот во целост ги оправда очекувањата за успех на „Џипси Кралот“, кој сепак не се обиде да бара класичен нокаут.

Фјури го предизвика Александар Усик за следен ривал и во 2023 година треба да очекуваме нов судир на титаните.

Share
Scroll to Top