Терзиќ стартуваше со тешка победа на „милионерите“ во Бремен

Терзиќ стартуваше со тешка победа на „милионерите“ во Бремен

пред 4 години

Можеби беше потребен пенал во финишот на мечот, и можеби на Марко Ројс му беа потребни два обиди, но Борусија Дортмунд стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Вердер Бремен за новиот тренер на клубот, Един Терзиќ да стартува со три поени.

Терзиќ го замени човекот кому му беше помошник, Лусиен Фавр во неделата по саботниот 1:5 пораз од Штутгарт, и веднаш имаше гостување во северна Германија кај секогаш непредвидливите Вердер. Рафаел Гереиро даде гол уште во 12-тата минута за водство на „милионерите“, меѓутоа Вердер израмни преку Кевин Мовалд во 28. минута од мечот.

Во 77. минута беше досуден пенал за гостите, кој Марко Ројс не успеа да го реализира, но одбранетата топка од Јиржи Павленка, дојде кај Ројс кој донесе три поени за Дортмунд, кои сега се на четвртото место на табелата со 22 поени, три зад лидерот Баер Леверкузен, кој има и натпревар помалку. Мечот исто така беше одбележан и со бундеслигашкото деби на 16-годишниот Јусуфа Мукоко, кој стана најмладиот фудбалер во историјата на германската прва лига.

Штутгарт пак, по таа импресивна победа на „Сигнал Идуна парк“ во саботата, постигнаа два гола во последните седум минути од мечот преку Австриецот Саша Калајџиќ за да спасат 2:2 реми со Унион Берлин.

БУНДЕСЛИГА, 12.КОЛО

Херта Берлин – Мајнц 0:0

Штутгарт – Унион Берли 2:2

Вердер Бремен – Борусија Дортмунд 1:2

Share
Scroll to Top