Терзиќ: Финалињата не се играат, финалињата се победуваат

Терзиќ: Финалињата не се играат, финалињата се победуваат

пред 6 месеци

Тренерот на Борусија Дортмунд во Лондон пред финалето во Лигата на шампионите изјави дека „не му е грижа што Реал се смета за фаворит“ против неговиот тим.

„Јасно е дека се фаворити, но не ми е гајле. Ако играш со Реал десет пати ќе биде тешко, 34 пати ќе биде невозможно, но ако одиграш еден натпревар, се е можно“, изјави Един. Терзиќ на прес-конференцијата.

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се сретнат вечерва во Лондон од 21:00 часот во финалето на Лигата на шампионите.

„Не бевме фаворити против Атлетико Мадрид или против Пари Сен Жермен. Би се осмелил да зборувам за слабостите на Реал како тренер на Борусија. Има работи во нивната игра што помалку им се допаѓаат, и во офанзива и во дефанзива“, додаде Терзиќ.

Share
Scroll to Top