Тешка повреда на Нина Ортлиб

Тешка повреда на Нина Ортлиб

пред 4 години

Австријката Нина Ортлиб поради повреда на десното колено ја заврши сезоната. Ортлиб доживеа тежок пад на утринскиот тренинг во Кран Монтана, каде од петок до недела, ќе се одржат трки во Светскиот куп, во женска конкуренција.

Ортлиб, поради сериозната повреда со хеликоптер беше префрлена во најблиската болница, а тренингот во спуст беше прекина 45 минути.

Нина е ќерка на легендарниот Патрик Ортлиб, кој во Арбевил во 1992 година, го освои златниот медал во спуст.

Минатата година таа во Кран Монтана го освои третото место во спуст.

 

Share
Scroll to Top