Тешко е без него – навивачите на Барса во 10. минута го скандираа името на Меси

Тешко е без него – навивачите на Барса во 10. минута го скандираа името на Меси

пред 3 години

Барселона го игра својот прв официјален меч по заминувањето на Лионел Меси во Пари Сен-Жермен, но навивачите не го заборавија човекот кој одбележи цела ера во историјата на клубот.

На „Ноу Камп“ гостува Реал Сосиедад, и отсуството на Аргентинецот очигледно им пречи на верните навивачи, кои во 10. минута, во знак на бројот на дресот со кој настапуваше Меси, го извикуваа неговото име. Дел од навивачите исто така беа во дресови на Аргентинецот.

Сепак, за мала утеха, Барса дојде во водство во 19. минута со голот на Жерард Пике, уште еден херој на клубот, кој си ја намали платата за клубот да може да ги регистрира новите засилувања.

Share
Scroll to Top