Том Тибодо ја доби наградата за тренер на годината, соопшти НБА лигата. Тибодо, сезонава ги предводеше Њујорк Никс. Искусниот тренер доби 351 глас, 11 повеќе од тренерот на Финикс Санс, Монти Вилијамс.
Њујорк Никс регуларниот дел од сезоната го завршија на четвртото место во Источната конференција со 41 победа и 31 пораз, со што по пауза од осум години изборија пласман во плеј-офот.
Во првата рунда, Никс, со 4-2 беа елиминирани од Атланта Хокс.
Тибодо, втор пат во кариерата, ја доби оваа престижна награда. Најдобар беше и во сезоната 2010/2011 кога ги предводеше Чикаго Булс.
Том Тибодо е 10.тренер, кој наградата за тренер на годината, ја добил повеќе пати.