Тинејџерот на Динамо Киев блескаше на „Ноу Камп“

Тинејџерот на Динамо Киев блескаше на „Ноу Камп“

пред 4 години

Фудбалерите на Динамо Киев ѝ пружија силен отпор на Барселона, иако на „Ноу Камп“ тренерот Мирчеа Луческу имаше на располагање само 13 играчи. Барселона, натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите, го доби со 2:1.

Целиот тим на Динамо Киев се прикажа во одлично светло против фаворитот, а особено се истакна младиот голман Руслан Нешерет.

Голманот кој е роден во 2002 година овој натпревар ќе го паменти до крајот на животот, тој успеа да одбрани 11 од 13 удари кои беа упатени кон неговиот гол.

Специјализираниот сајт „Софа Ско“, за изведбата, го оцени Нешерет со 9,5.

Извонредна вечер имаше и искусниот колега на Нешерет на спротивната страна, Марк-Андре тер Штеген. Германецот го забележа својот прв настап оваа сезона, тој имаше неколку брилијантни интервенции со кои спречи неговиот тим да прими повеќе од еден гол.

Share
Scroll to Top