Тони Мартин на носилки ја напушти 11. етапа на „Тур д`Франс“

Тони Мартин на носилки ја напушти 11. етапа на „Тур д`Франс“

пред 3 години

Годинава сериозно страда – веќе во првата етапа на славната француска велосипедска трка поради невнимателна навивачка беше повреден, но и денеска, германскиот велосипедист Тони Мартин на носилки беше однесен по падот во тек на 11. етапа на „Tur d Fransa“.

Возачот на „Jumbo-Visme“ падна во раната фаза на денешната етапа. Заврши во ендек по една невнимателност и заработи повреда на десната рака и нога. Изгледаше изнемоштено додека му беше укажувана прва помош, а потоа беше одведен со возило на брза помош.

Тоа е шестипат во 13 настапи 36-годишниот Мартин да напушта една етапа, објавија организаторите на трката.

Share
Scroll to Top