Торино и Бетис во трка за Енис Барди

Торино и Бетис во трка за Енис Барди

пред 1 година

Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да си замине од Трабзонспор оваа зима. Како што пренесуваат турските медиуми, тој не ги исполнил очекувањата на клубот, а има преголема плата која го оптоварува буџетот.

Сепак, Барди со својот квалитет секако ги привлекува дел од европските клубови кои сега гледаат шанса да го ангажираат. За него постои сериозен интерес од италијанскиот калчолигаш Торино, како и шпанскиот Бетис.

Трабзонспор бара отштета од 3 милиони евра за да дозволи трансфер на Енис Барди.

Share
Scroll to Top