Тотенхем се „рехабилитираше“ со победа кај Вила

Тотенхем се „рехабилитираше“ со победа кај Вила

пред 4 години

Тотенхем се искачи на шестото место во Премиер лигата пред Евертон и Ливерпул, откако на гостувањето кај Астон вила стигна до рутинска 2:0 победа за да се заблажи вкусот на горчина по елиминацијата од Динамо Загреб во Лига Европа.

Карлос Винисиус го постигна својот деби гол во дресот на клубот од северен Лондон во 29. минута по асистенција на Лукас Моура, а Хери Кејн со својот 18. гол оваа сезона ја запечати победата од пенал во 68. минута од мечот.

Тотенхем се на шестото место со 48 поени, само еден зад Вест хем и три зад Челси на четвртото место, но и поен пред Евертон и Ливерпул зад нив. Вила е на 10. место со 41 поен.

Share
Scroll to Top