Уште една трагична вест ја потресе ракометна Македонија. На 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел, Марко Божиновски.
Првичните инфорнации говорат дека Божиновски починал во сон. Тој, вчера, играл за Бутел во победата над Еурофарм Пелистер 2. Постигнал два гола во победата на својот тим.
Божиновски, пред две години се преселил во Бутел од Металург. Беше дел од кадетската и младата репрезентација на Македонија.
Смртта на Божиновски е уште една трагедија која му се случи на македонскиот ракомет. Пред шест дена, во водите на Охридското езеро се удави голманот на Охрид, Никола Даниловски.