Тренерот на Баерн: Најдобар играч што сум го тренирал – Крамариќ!

Тренерот на Баерн: Најдобар играч што сум го тренирал – Крамариќ!

пред 3 години

Минхенски Баерн влегува во нова ера – на кормилото на клубот седнува Јулијан Нагелсман, младиот стратег кој стигна до врвот. Интересно, тој ќе биде првиот Баварец кој ќе го води Баерн Минхен.

По сјајните партии со Хофенхајм, Нагелсман во истиот стил продолжи и во Лајпциг, но кога „ѕвонат“ од Баерн,…

„Не планирав да си одам по само 2 години од Лајпциг. Се се промени кога Ханси Флик реши да си оди од Баерн. Сакав со Лајциг да освојам трофеј, па поразот во Куп финалето беше разочарувачки. Очекувањата во Баерн се секогаш големи, но подготвен сум за новите предизвици“ вели Нагелсман.

Иако го споредуваат со Клоп, Тухел и Гвардиола, младиот тренер е скромен.

„За мене е голема чест што моето име го поврзуваат со големи тренери, но јас се уште ништо немам освоено, првпат сум во голем клуб и треба да се докажам.

За него Левандовски е најдобриот светски фудбалер во моментов, а кога се работи за тоа кој е нај-фудбалерот кој тој го тренирал досега, одговорот е Крамариќ.

„Андреј Крамариќ – тој е вистински пример за развој и неверојатна константа. Сјајно момче, секогаш дава се од себе и заслужи ваква позитивна кариера“ смета младиот стратег.

Share
Scroll to Top