Трикратен Ол-стар ќе започне боксерска кариера

Трикратен Ол-стар ќе започне боксерска кариера

пред 3 години

Поранешниот НБА кошаркар, освојувач на два златни медали на Олимписките игри со САД, Дерон Вилијамс ќе започне боксерска кариера.

37-годишниот плејмејкер, ќе биде дел од спектаклот, што ќе се одржи во Тампа на 18.декември. Главната борба ќе биде помеѓу Џејк Пол и Томи Фјури, а Вилијамс ќе настапи во една од воведните борби.

Се шпекулира дека негов противник ќе биде Франк Гор, човек кој 16 години играше во НФЛ лигата.

Вилијамс со години тренира бокс и ММА, има и дел од сопственоста во Фортис ММА.

Вилијамс, во 2005 година беше трет пик на драфтот. НБА кариерата ја мина во Јута Џез, Бруклин Нетс, Далас Маверикс и Кливленд Кавалирс. Три пати учествувал на Ол-стар натпреварите. Со САД бил олимписки победник во Пекинг и Лондон.

Share
Scroll to Top