Трипл-дабл со 40 поени, Букер им пресуди на Клиперси

Трипл-дабл со 40 поени, Букер им пресуди на Клиперси

пред 3 години

Финикс Санс, водат со 1:0, во финалето на Западот. Санс, на домашен терен, забележаа победа над Лос Анџелес Клиперс 120:114.

Првиот меч од серијата, кој го пропуштија Крис Пол на едната и Каваи Ленард на другата страна, донесе атомска кошарака и доминација на Девин Букер и Пол Џорџ.

Ниту еден од тимовите во текот на натпреварот немаше предност од 10 поени, а победата на Финикс им ја обезбеди Букер со трипл-дабл од 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции.

За еден од најдобрите шутери во лигата ова е прв трипл-дабл во кариерата.

Букер доби поддршка од соиграчите, особено од Мајлс Бриџис, кој со серија од седум поени во финишот им ја врати на Фникс предноста од десет поени. Клиперс, со луда серија од осум поени во последнити 60 секунди, се доближија на само два поени разлика (116:114), но Букер го одби нивниот напад.

Динадре Ејтон постигна 20 поени (14 од нив во првото полувреме), Џеј Краудер 13.

Клиперси имаа само двајца расположени играчи: Пол Џорџ постигна 34, а Реџи Џексон 24 поени.



Share
Scroll to Top