Тричковски и Бејтулаи: Со нетрпение очекуваме да започне првенството

Тричковски и Бејтулаи: Со нетрпение очекуваме да започне првенството

пред 3 години

Репрезентацијата на Македонија на 13. јуни во Букурешт со почеток од 18:00 часот го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата Ц од Европското првенство.

На денешниот брифинг со новинарите, Иван Тричковски и Егзон Бејтулаи ги споделија очекувањата пред самиот почеток на првенството.

„Одиграв одлична сезона во Кипар, постигнав многу важни голови. Тоа претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство. Настап на едно вакво големо натпреварување е остварување на сонот на цела нација. Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар и ќе се бориме до крај за дресот со државен грб. Атмосферата во националниот тим е одлична. Сите со нетрпение очекуваме да започне првенството“, изјави еден од најискусните играчи во репрезентацијата, Тричковски.

„Се чувствувам одлично што сум дел од оваа репрезентација која направи историски успех. Со нетпрение го очекувам почетокот на првенството. Се надевам дека во Букурешт ќе се претставиме во одлично светло и ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме. Имаме одличен тим, подготвени сме за Евро 2020“, рекол Бејтулаи.

Извор/ffm.mk

Share
Scroll to Top