Три фудбалски гиганти „фрлија јадица“ по Холанѓанецот Думфрис

Три фудбалски гиганти „фрлија јадица“ по Холанѓанецот Думфрис

пред 3 години

Десното крило на холандската фудбалска репрезентација, Дензел Думфрис на првиот меч за „Орање“ го постигна победничкиот гол за 3-2 против Украина, а на средбата против Австрија постигна еден и асистираше при другиот гол (2-0).

Против Македонија играше само едно полувреме.

25 – годишниот капитен на ПСВ Ајндховен по добрите игри на ЕУРО 2020 стана интересен за неколку фудбалски гиганти.

Во прилог на Баерн Минхен, Барселона и Интер кои се заинтересирани за неговите услуги оди и релативно ниската откупна клаузула од 15 милиони евра.

Share
Scroll to Top