„Трката во Белгија не можеше да биде одложена“

„Трката во Белгија не можеше да биде одложена“

пред 3 години

Дождот вчера ги оневозможи возачите да се тркаат на Големата награда на Белгија. На патеката Спа Франкошамп се возеа за само два круга зад безбедносното возило. Поредокот беше ист како во квалификациите, а бодовите беа преполовени.

Директорот на трката Мајкл Маси, одговри на прашањето зошто трката не беше одложена за понеделник. Вакви правила има во НАСКАР и Инд кар.

„Има многу причини зошто трката не можеше да биде одложена. Ги почитувавме правилата. За ФИА безбедноста на возачите и гледачите секогаш е на првото место“, рекол Маси.

Шампионатот на Ф1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Холандија.

Share
Scroll to Top