Турците бараат доживотна суспензија за романскиот судија

пред 4 години

Претседателот на Башакшехир, Гоксај Гумусдаг, побарал доживотна суспензија за романскиот судија Себастијан Котлеску.

На натпреварот во Лигата на шампионите ПСЖ-Башакшехир, Котлеску го нарекол „негру“ (црнец), помошниот тренер на турскиот тим, Пјер Вебо. Откако Вебо му приговорил, главниот судија му покажа црвен картон. Веднаш потоа поради расизам, фудбалерите на Башакшехир и ПСЖ го напуштија теренот.

Натпреварот продолжи ден подоцна и заврши со триумф на ПСЖ од 5:1.

„Ваков судија треба доживотно треба да биде исфрлен од фудбалот. Мора да добие казна каква што заслужува. Осми декември ќе влезе во историјата како ден на отпорот против расизмот“, рекол Гумусдаг за турските медиуми.

Share
Scroll to Top