Турција ја растури Грција за финале на Евробаскетот

Турција ја растури Грција за финале на Евробаскетот

пред 8 часа

Кошаркарската репрезентација на Турција супериорно избори место во финалето на Евробаскетот. Во второто полуфинале, Турција ја декласира Грција со 94:68 (26:16, 25:13, 23:20, 22:17).

Турција по пауза од 24 години повторно ќе игра финале на ЕП. Во 2001 година на домашен терен Турците го загубија финалето од Сојузна Република Југославија. Грците како и пред 16 години го загубија финалето, тогаш во Полска ја освоија бронзата.

Турската одбрана ја уништи Грција, го ограничи најголемиот грчки адут Јанис Адетокумбо на само 12 поени. А турскиот напад беше вистинска поезија. Одбраната на Грција ја уништи Ерџан Османи, постигна 14 поени во првата четвртина, имаше 18 на полувремето, а мечот го завшри со 28 поени, погоди пест тројки од осум обиди.

Натпреварот од почетокот беше еднонасочна улица. Турците отворија со 7:0, а потоа константно ја зголемуваа предноста, која во финишот на првиот дел изнесуваше и 19 поени.

Во вториот дел, Турците рутински ја завршија работата.

Покрај Османи кај Турција се истакнаа Џеди Осман со 17 поени и по три скока и асистенции, Алперен Шенгун со дабл-дабл учинок, 15 поени, 12 скока и шест асистенции, како и Шејн Ларкин со 14 поени и пет асистенции.

За Грција, Костас Слукас имаше 15 поени со три скока и четири асистенции, а Јанис Адетокумбо имаше дабл-дабл со 12 поени и 12 скока, 11 поени уфрли Панајотис Калаицакис.

За златниот медал в недела, Турција ќе игра против Германија, додека во „малото финале“ за бронзата ќе играат Грција и Финска.

Share
Scroll to Top