Тухел: Без Френк Лампард, Челси немаше да стигне до финалето на ЛШ

Тухел: Без Френк Лампард, Челси немаше да стигне до финалето на ЛШ

пред 4 години

Менаџерот на Челси, Томас Тухел го пофали својот претходник Френк Лампард, велејќи дека без него, „сините“ немаше да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите и во финалето на ФА купот.

Челси го сменија Лампард во јануари, и го поставија поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, кој имаше фантастична низа со која го крена тимот во топ 4 во Премиер лигата и го пласираше во финалето на ЛШ (против Реал Мадрид) и во финалето на ФА купот (против Лестер во сабота).

„Френк имаше фантастичен скор во групната фаза на Лигата на шампионите и победи во сите натпревари од ФА купот, така што беше клучен во поставувањето на темелите на овој пласман во финалињата и тоа не смееме да го заборавиме. Не се срамиме од тоа и мора да го кажеме јасно и гласно. Свесен сум дека Френк направи свој имиџ на легенда на клубот и сакаше да стане уште поголем како тренер. Френк те потсетува на се што вреди за Челси, бидејќи кога ќе помислите на Лампард, помислувате на клубот“, вели Тухел.

Share
Scroll to Top