Тухел: Повик за будење – Алардајс: Го растуривме Челси

Тухел: Повик за будење – Алардајс: Го растуривме Челси

пред 3 години

Победата на ВБА над Челси е тема на денот во Премиер лигата. Тимот кој се бори за опстанок го декласира фаворизиранито Челси со 5:2. Ова е прва победа на ВБА на „Стенфорд Бриџ“ уште од 1978 година.

„Воодушевен сум. Квалитетната игра ни овозможи ваков фантастичен резултат. Очајнички чекавме на ваков резултат“, рекол менаџерот на ВБА, Сем Алардајс.

„Тие заслужено играа со играч помалку. Тијаго Силва можеше да биде исклучен и кај првиот фаул во петтата минута. Го растуривме Челси“, заклучил Биг Сем.

Неговиот колега Томас Тухел, разочаран од поразот, рекол дека неговиот тим треба да се разбуди.

„По црвениот картон не успеавме да се избориме со ситуацијата. Не знам зошто. Потоа не успеавме да се прилагодиме. Во второто полувреме се беше против нас. Мораме да го прифатиме поразот, ова треба да ни биде повик за будење“, рекол Тухел.

Share
Scroll to Top