Убиен најпознатиот латвијски фудбалски менаџер

Убиен најпознатиот латвијски фудбалски менаџер

пред 4 години

Фудбалскиот менаџер, Ромас Безубовс (41), денеска е убиен во Рига, Латвија. Безубовс бил еден од највлијателните менаџери во Латвија, работел со најголем дел од репрезентативците на оваа земја. Поголем дел од нив, со негова помош, се избориле за добри договори во Полска и Русија.

Безубовс бил сопственик на агенцијата „БР Спорт“.

Најскап играч во неговата агенција е репрезентативецот на Латвија, Виталијс Јагодинскис, кој е проценет на 300.000 евра.

Мотивите за убиството, кое се случило на еден кружен тек во Рига не се познати.

Латвијските медиуми пишуваат дека Безубовс имал многу нерасчистени сметки со некои агенции, со кои соработувал.

Безубовс, пред да започне да работи со својата агенција бил фудбалер, настапувал за Јурмала, Даунгава и Сконто Рига.



Share
Scroll to Top