УЕФА има четири сценарија за ЕУРО 2021

УЕФА има четири сценарија за ЕУРО 2021

пред 3 години

Европската фудбалска унија (УЕФА), подготвува четири сценарија за Европското првенство. Конечната одлука УЕФА ќе ја донесе до 5.март наредната година.

Првото сценарио предвидува ЕУРО 2021 да се одржи во 12 градови, во 11 држави, во периодот од 11.јуни до 11.јули. за да биде спроведено ова сценарио, треба ситуацијата со коронавирусот целосно да биде под контрола. Во тој случај натпреварите би се играле пред публика.

Второто сценарио предвидува да бидат пополнети 50 отсто од капацитетите на стадионите, а третото сценарио е дека најмногу би биле исполнети 30 отсто од капацитетите на стадионите.

Четвртото сценарио е најлошо, предвидува натпреварите да се играат без присуство на публика.

Инаку, главното сценарио за одржувањето на ЕУРО 2021 останува непроменето, предвидува натпреварите да се играат во 12 градови: Билбао (Шпанија), Лонодн и Глазгов (Велика Британија), Минхен (Германија), Рим (Италија), Баку (Азербејџан), Санкт Петербург (Русија), Будимпешта (Унгарија), Букурешт (Романија), Амстердам (Холандија), Даблин (Република Ирска) и Копенхаген (Данска).

Секој од градовите-домаќини, во договор со УЕФА, ќе треба да направи план и да избере две или три сценарија.

Share
Scroll to Top