УЕФА не ги казни „бунтовниците“, барем засега

УЕФА не ги казни „бунтовниците“, барем засега

пред 4 години

И покрај тоа што вчера шпанските медиуми тврдеа дека има сериозна опасност Реал Мадрид да биде исфрлен од Лигата на шампиони, и заедно со Јувентус да добие едногодишна суспензија од страна на УЕФА, денеска по состанокот на Извршниот комитет, стана јасно дека никој од 12-те клубови кои ја формираа Суперлигата нема да бидат казнети. Барем засега.

„Извршниот комитет е информиран околу последните случки околу Суперлигата, посебно опциите кои се достапни на УЕФА и мерките кои ќе бидат преземени. Мерките ќе бидат разгледани во иднина“, се вели во соопштението на УЕФА.

Дел од членовите на Извршниот комитет претходно изјавуваа дека треба да се има цврст став и мора да има казни за ситуацијата во која се постави европскиот фудбал по неуспешниот обид за формирање на паралелно натпреварувања.

Претходно со изјава се јави и тренерот на Реал, Зинедин Зидан, кој изјави дека тимот се подготвува за полуфиналната пресметка со Челси, сметајќи дека би било „апсурдно“ да бидат казнети оваа сезона.

„Имаме право да играме во Лигата на шампионите. Нелогично и апсурдно е да бидеме дисквалификувани. Воопшто не сме загрижени, ќе играме полуфинале, бидејќи тоа ен аше право“, изјави Зидан.

Share
Scroll to Top