УЕФА, се подготвува на промена во правилото гол во гости, објави „Сан“. Правилото гол во гости, е едно од најстарите во европските купови, воведено е во 1967 година. Изминатите неколку години, ова е најкритикуваното правило.
УЕФА, од наредната сезона, нема целосно да го укине правилото, туку ќе внесе една промена.
Голот во гости, ќе важи само во основниот дел од натпреварот. Доколку натпреварот влезе во дополнителните два пати по 15 минути, тогаш ова правило нема да важи.
Голем број од водечките европски клубови, ја одобруваат оваа промена.
Според „Сан“, ова ќе бидат последните измени во врска со правилото гол во гости, пред тоа целосно да биде укинато.