Умре фер-плејот во Шведска

Умре фер-плејот во Шведска

пред 3 години

Последното коло од шведскиот шампионат донесе една од најбизарните ситуации видени во последно време на фудбалскиот терен.

Се играше 93 минута, при резултат 2-2 на мечот Елфсборг – АИК кога голманот на гостите отиде во противничкиот шеснаесетник при еден корнер.

Откако играчот на АИК топката ја шутна над голот, голманот со спринт тргна кон својот гол, а играчите на Елфсборг видоа прилика за напад на трите бода.

Гостинскиот играч кој претходно го изведе корнерот виде дека има опасност неговиот тим да прими гол ја шутна и втората топка длабоко во теренот, а неговите соиграчи ја испратија кон нозете на противничкиот играч кој веќе трчаше во контранапад.

Овој крајно неспортски потег со кој беше спречена контра за победнички гол судијата го казни само со жолт картон.

Погледнете:

Share
Scroll to Top