Умтити заплакал на состанокот со претседателот Лапорта

Умтити заплакал на состанокот со претседателот Лапорта

пред 3 години

Самуел Умтити и сезонава ќе го носи дресот на Барселона. Францускиот фудбалер, беше од оние чија продажба беше означена како приоритетна, но тој сепак остана на „Камп Ноу“.

Не само што остана во клубот, туку тренерот Роналд Куман добил ултиматум од првиот човек, Џоан Лапорта, да го врати дефанзивецот во тимот.

На состанокот со претседателот, 27-годишникот рекол дека клупските лекари никогаш немале јасна дијагноза околу неговата повреда, поради која често отсуствуваше од теренот во претходните две сезони. Умтити на Лапорта му рекол дека се чувствува максимално подготвен да му помогне на тимот.

Потоа Лапорта решил Умтити да добие уште една шанса.

„Мундо Депортиво“, тврди дека Умтити со солзи во очите ја дочекал оваа одлука на претседтелот. Прашање е само колку Куман ќе се потпира на него оваа сезона.

Share
Scroll to Top