Унгарија доби казна за хомофобија – 100.000 евра и 3 меча без публика

Унгарија доби казна за хомофобија – 100.000 евра и 3 меча без публика

пред 3 години

Скандирањата против ЛГБТ заедницата и хомофобичниот транспарент кој се појави на трибините на мечот меѓу Унгарија и Германија на ЕУРО 2020 донесоа жестока казна за унгарскиот фудбал. На спорниот транспарент пишуваше: „ЛГБТ – не благодарам“.

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Унгарија со глоба од 100.000 евра, а згора на тоа, репрезентација три меча ќе игра без присуство на публика. Третиот натпревар од казната е условен и ќе се активира доколку се повторат слични ситуации по враќањето на трибините.

На споменатиот меч на кој дел од навивачите скандираа против ЛГБТ заедницата, еден од нив заврши во затвор поради нацистички поздрав.

Share
Scroll to Top