УФЦ спектакл во Хјустон – Нурмагомедов има наследник!

УФЦ спектакл во Хјустон – Нурмагомедов има наследник!

пред 4 години

Ноќеска пред 18.000 гледачи во Хјустон се одржа УФЦ 262 спектакл на кој Хабиб Нурмагомедов доби наследник во лесна категорија.

Се работи за Бразилецот Чарлс Оливеира кој во борбата за титулата го нокаутираше Американецот Мајкл Чендлер. Интересно е што и двајцата никогаш во кариерата не се бореле против Дагестанецот, а сега по неговата „пензија“ добија можност да се борат за титулата.

Оливеира триумфираше против Чендлер со технички нокаут на почетокот на втората рунда, иако во првата рунда борбата изгледаше дека ќе има спротивен развој на настаните.

Чендлер беше поопасен, Бразилецот во еден момент сериозно беше разнишан, но успеа да се извлече.

По 11 години во УФЦ Оливеира успеа да стигне до шампионскиот појас. Во последните 3 години нанижа 9 борби без пораз, а го држи и рекордот меѓу борците со најдолга низа на непобедливост.

Share
Scroll to Top