Чеферин уште четири години ќе ја предводи УЕФА

Чеферин уште четири години ќе ја предводи УЕФА

пред 1 година

Александар Чеферин, претседател на УЕФА од септември 2016 година, ќе биде единствениот кандидат за таа функција на Изборниот конгрес во април, соопшти Европската фудбалска федерација.

На крајот од рокот за пријавување, кој беше закажан за четврток, 55-годишниот Чеферин е единствениот кандидат за претседателската функција која ќе биде доделена на Изборниот конгрес на УЕФА на 5. април во Лисабон. Словенецот на тој начин ќе ја води УЕФА во уште еден четиригодишен мандат.

На претседателот на Француската фудбалска федерација Ноел Ле Грает, кандидат за реизбор за европски претставник во Советот на ФИФА, ќе му се спротивстави неговиот португалски колега Фернандо Гомеш.

Share
Scroll to Top