УФЦ фајтер ги избодел своите сестри!

УФЦ фајтер ги избодел своите сестри!

пред 3 години

Американскиот УФЦ фајтер во бантам категорија, Ирвин Ривера е уапсен во Палм Бич, Флорида откако со нож ги нападнал своите две сестри.

Ривера го признал инцидентот на полицијата велејќи дека ги „убил за повисока цел“, иако полицијата потврди дека двете жени, на возраст од 22 и 33 години се живи и се во болница во Флорида. УФЦ го потврдија инцидентот.

„УФЦ е свесна за инцидентот на Ирвин Ривера и добивме информации од неговиот менаџерски тим дека имал ментални проблеми. Обвинувањата се сериозни и ќе почекаме додека добиеме дополнителни информации. Тој нема да добие меч во УФЦ“, објавија од УФЦ.

Ривера влезе во УФЦ федерацијата во 2020 и имаше три меча, остварувајќи една победа и губејќи двапати, последен пат во септември.

Share
Scroll to Top