Уште еден проблем за Ханси Флик, Еспарт под знак прашалник за Ел Класико

Уште еден проблем за Ханси Флик, Еспарт под знак прашалник за Ел Класико

пред 7 часа

Барселона ќе го пречека Реал во 10-то коло од Ла Лига во недела во 21 часот. Актуелниот шампион и лидер, во пресрет на дербито има шест бода повеќе од Реал, но и со многу проблеми. Станува збор за повредите на важни играчи по дербито во Лигата на шампионите.

По 11 победи во исто толку натпревари оваа сезона, Барселона загуби со 4:2 од ПСЖ. Таму го загуби и Дани Олмо, кој излезе на полувреме и ќе отсуствува еден месец. Нови лоши вести од тој натпревар дојдоа подоцна.

Шпанските медиуми пишуваат дека Чави Еспарт е под знак прашалник за натпреварот против Реал. Младиот 19-годишен лев бек игра многу добро оваа сезона и го постигна својот втор гол во сезоната против ПСЖ, а има и две асистенции.

Еспарт го напушти теренот во Париз, беше заменет поради проблем со глуждот. Тој беше подложен на дополнителни тестови и сè уште не е познато дали ќе игра во недела.

Одбраната на Барселона веќе е многу ослабена од повредите на Жил Кунде и Ерик Гарсија, па губењето на Еспарт би значело дека нејзината бековска линија е десеткувана.

Share
Scroll to Top