Уште не е време за новата генерација – „кралот“ Надал го „збриша“ Јаник Синер

Уште не е време за новата генерација – „кралот“ Надал го „збриша“ Јаник Синер

пред 3 години

Денеска тениските фанови на терените на Ролан Гарос на кратко можеа да го видат потенцијалот на младите тениски ѕвезди, но на крајот во четврт-финалето на гренд слемот влегоа ветераните и првите фаворити.

Неколку часа откако светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ во чуден меч губеше со 0:2 во сетови од италијанскиот тинејџер Лоренцо Мусети, пред да влезе во четврт-финалето, таму му се приклучи и 13-кратниот шампион од Париз, Рафаел Надал, но со маестрална 7:5/6:3/6:0 победа над уште една италијанска тениска надеж, Јаник Синер. Со ова Ѓоковиќ и Надал дојдоа на една победа до чудесна пресметка во полуфиналето на турнирот – Ѓоковиќ ќе игра со Матео Беретини, додека Надал ќе игра со Аргентинецот Диего Шварцман.

Потенцијалниот дуел во полуфиналето би бил многу значаен за двајцата тенисери – Надал оди на својата 14. титула од Париз, но и вкупно 21. гренд слем титула, со која би го поминал Роџер Федерер на вечната листа, додека Ѓоковиќ ќе бара одмазда за минатогодишниот тежок пораз во три сета од Надал во финалето на турнирот.

Share
Scroll to Top