Фудбалерот на Пари Сен Жермен и репрезентативец на Шпанија, Фабијан Руиз изјави дека нема намера да го напушти парискиот клуб.
Руиз (28) пристигна во ПСЖ во 2022 година, а со францускиот шампион има договор до 30 јуни 2027 година. Претходно играше за Наполи, Елче и Бетис.
Некои медиуми објавија дека шпанскиот фудбалер би можел да ја промени средината во летниот преоден рок.