Фановите на Лацио удрија по капитенот: Пензионирај се или оди во Саудиска Арабија

Фановите на Лацио удрија по капитенот: Пензионирај се или оди во Саудиска Арабија

пред 9 месеци

Со победата против Лацио со 3:0, Баерн влезе во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот клуб, лесно, ја надомести негативата од еден гол од првиот натпревар во Рим.

Во Минхен го видовме очекуваното сценарио, Лацио се определи да ја брани предноста, додека Баерн напаѓаше. Првиот гол го постигна Хари Кејн во 38. минута.

Гереиро имаше лош удар на една повратна топка, но Кејн внимателно ја следеше акцијата, успеа да одигра со глава и да го совлада Проведел.

Прашање е каков тек ќе имаше натпреварот доколку една минута пред голот на Кејн, Чиро Имобиле погодеше од чиста шанса. Најдобриот стрелец во историјата на Лацио од пет метри не успеа да ја смести топката во голот.

Многу навивачи на Лацио го критикуваа Имобиле на социјалните мрежи.успех.

„Пензионирот Имобиле, збогум на Лига на шампионите, пензионирај се или оди во Саудиска Арабија“, се најчестите коментари за настапот на Имобиле.

Share
Scroll to Top