Фановите на Јуве пак му се „навртеа“ на Роналдо

Фановите на Јуве пак му се „навртеа“ на Роналдо

пред 3 години

Навивачите на Јувентус очигледно веќе ја немаат љубовта кон Кристијано Роналдо по лошата сезона на нивните миленици, и откако тој пропушти стоотстотна шанса против Фиорентина.

Последниот гол на Роналдо во Серија А е на 7 април против Наполи, по што во три меча не постигна гол, а четвртиот го пропушти поради повреда. Според италијанските медиуми хештегот #Ronaldo е најпопуларниот во моментов во Италија со над 44.000 пораки на Твитер за португалската легенда.

И покрај овие критики, како тие од минатиот меч кога си го штитеше лицето во живиот ѕид, Роналдо останува најдобар стрелец на „бјанконерите“ со 32 гола во 39 настапи. Роналдо е најдоброплатениот фудбалер во Италија со фантастични 31 милиони евра годишно.

Share
Scroll to Top