Дебакл на Тим – Димитров експресно до четврт-финалето

Дебакл на Тим – Димитров експресно до четврт-финалето

пред 3 години

Актуелниот вице-првак на Австралија опен, Доминик Тим, годинешниот настап на овој Гренд слем го заврши во осмина-финалето. Тим доживеа тежок пораз од Бугаринот Григор Димитров, во три сета (6/4, 6/4, 6/0). Дуелот Димотров-Тим траеше два часа.

Тим, еден од фаворитите за титулата, го одигра веројатно својот најлош меч на Гренд слем турнирите, се чини дека го плати данокот за драматичната победа, во пет сета, над Ник Кирјос во претходната рунда.

Тим забележа 41 неизнудена грешка, имае 25 директни поени, додека Димитров имаше 18 грешки и 25 винери.

Бугаринот за пласманот во своето второ полу-финале во Мелбурн, ќе се бори против најголемата сензација во досегашниот тек од турнирот, Аслан Карацев.

Рускиот тенисер во пет сета, по голам борба, го победи младиот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим.

Share
Scroll to Top