Фатих Терим го блокирал трансферот на Алиоски во Галатасарај

Фатих Терим го блокирал трансферот на Алиоски во Галатасарај

пред 3 години

Пропаднал трансферот на Езџан Алиоски во Галатасарај, тврди „А Спор“. Инаку, вчера, речиси сите спортски медиуми во Турција објавија дека Алиоски договорил четири годишна соработка со Галатасарај вредна 2,2 милиони евра по сезона.

Легендата на турскиот фудбал, тренерот на Галатасарај Фатих Термин ја блокирал реализацијата на овој трансфер.

Според Терим, финасискиот дел од договорот на Алиоски ќе претставувал голем товар за клубот. Тренерот смета дека пресметал дека кога ќе се соберат платата што треба да ја добие Алиоски, бонусот што треба да му биде исплатен за потписот и менаџерската провизија, клубот ќе го чинат за четири години 18 милиони евра.

За Терим тоа е сума која Галатасарај не може да си ја дозволи.

Алиоски, минатите четири години ги мина во Лидс јунајтед. Тој како слободен играч замина од Англија. Интерес за неговите услуги покрај Галатрасарај покажа и неколку клубови од Италија.

Share
Scroll to Top