Фаулер: Ливерпул да го продадат Салах, Кутињо не ни фали, нели?

Фаулер: Ливерпул да го продадат Салах, Кутињо не ни фали, нели?

пред 3 години

Легендата на „Енфилд“, Роби Фаулер вели дека Ливерпул треба да „искешираат“ на Мохамед Салах ако Египќанецот навистина сака да си замине ова лето, и да ги искористат средствата за да го „изградат повторно“ тимот.

Салах стана клучен човек во тимот на Јирген Клоп откако пристигна пред речиси четири години, но оваа сезона со лошата форма и со шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во големите шпански клубови, Фаулер вели дека треба да се направи одлука слична како со Филипе Кутињо, да се продаде „на време“.

„Не го напаѓач Салах, навистина го сакам. Но, верувам дека трансферите се одлука на фудбалерите и кога некој сака да си оди, тогаш треба да си оди. Мораме да го прифатиме тоа. Кога некој е несреќен во некој клуб, тогаш тоа е единственото решение. Мислам дека Јирген Клоп го има кажано истото – не сака во клубот некој кој не сака да биде таму. Така беше и со Кутињо, мислеше дека однесувањето не е вистинско. Затоа Ливерпул нека искешираат, нека ги искористат парите да направат промени во сегашниот тим. Фан сум на Салах, но на Ливерпул не им недостасуваше Кутињо многу, нели?“, вели Фаулер.

Share
Scroll to Top