ФА покрена истрага за расистичкиот коментар на Кавани

ФА покрена истрага за расистичкиот коментар на Кавани

пред 3 години

Англиските медиуми очекуваат од Фудбалската асоцијација (ФА) да покрене истрага против напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани, поради негова објава на социјалните мрежи.

Објавата, според медиумите е „со навредлив и расистички коментар“.

Кавани на својот профил на „Инстаграм“ пријател му напишал: „Ти благодарам, црнец“.

Манчестер јунајтед застана во одбрана на напаѓачот. Според клубот Кавани тоа го напишал во афект, и дека тоа има различно толкување во Јужна Америка, односно во Уругвај.

Манчестер јунајтед, наведе, дека на Лавани му е јасно дека ваквите зборови во Велика Британија се доживуваат како дискриминација, односно расизам.

ФА објавија дека ќе покренат истрага. Кавани би можел да добие суспензија од три натпревари.

Единсон Кавани, вчера, со два гола и асистенција, го режираше пресвртот на Манчестер јунајтед против Саутемптон.

Share
Scroll to Top