Федерер го откажа учеството на Австралија опен

Федерер го откажа учеството на Австралија опен

пред 3 години

Роџер Федерер нема да игра на Австралија опен, потврди неговиот менаџер Тони Годстик.

Во изјават за АП, тој рекол дека шесткратниот победник на турнирот во Мелбурн, се уште не бил подготвен да се врати на терените. Федерер оваа година имаше две операции на десното колено.

Годстик рекол Федерер го планира своето враќање по завршувањето на Австралија опен.

„Роџер донесе одлука да не игра на Австралија опен во 2021 година. Напредуваше многу во последните неколку месеци. Меѓутоа, по консултациите со својот тим заклучи дека најдобро за него е го пропушти Австралија опен“, рекол Годстик.

Федерер, својот последен меч, го одигра во јануари, кога во полу-финалето на Австралија опен, беше поразен од Новак Ѓоковиќ. Тој за новата сезона се подготвува во Дубаи.

Австралија опен ќе започне на 8.февруари.

Share
Scroll to Top