Федерер наполни 40, ривалите со емотивни честитки

Федерер наполни 40, ривалите со емотивни честитки

пред 3 години

Тенискиот свет денеска му го честиташе 40. роденден на еде од најголемите тенисери во историјата, Роџер Федерер.

Заедно со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, Швајцарецот има 20 гренд слем титули, меѓутоа за многумина тој ќе остане најдобриот на сите времиња без разлика на бројот на титули, поради неговиот стил, однесување на теренот и мајсторството во тениската игра.

Во поголемиот дел од декадата на 2010-тите, Федерер беше сметан за најдобар во историјата и во својата генерација, а дури и сега на 40 години, продолжува да биде инспирација на сите со тоа што уште не е во пензија.

„Среќен 40. роденден! 40-ти? Вау! Какво достигнување. Уште не инспирираш на теренот и надвор од него. Беше огромна чест да се делат терените со тебе. Ти си му потребен на спортот. Благодариме за сите работи кои ги направи и што покажа дека и на таа возраст може да се игра на највисоко ниво“, изјави светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ во видео-порака на официјалата АТП турнеја.

Јапонскиот теисер Кеи Нишикори, кој во кариерата има три победи и осум порази против Швајцарецот, исто така го поздрави Фед-Екс.

„Роџер, среќен 40-ти роденден. Ти уште си мојот идол, некој кон кој секогаш можеш да го погледнеш како пример. Се надевам дека ќе играме уште неколку пати и дека ќе освоиш гренд слем турнири“, изјави Нишикори.

Канадскиот тенисер, Феликс Оже-Алијасим исто така го прослави својот роденден денеска (21-ви), но најде време да му честита на Федерер.

„Еј Роџерс, големи 40, а јас сум уште на 21. Неверојатно е што јас и ти играме во исто време. Се надевам дека и јас ќе играм кога ќе наполнам 40“, вели Канаѓанецот.

Share
Scroll to Top