Федерер призна – најтежок противник му е Надал

Федерер призна – најтежок противник му е Надал

пред 3 години

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер зборуваше за завршниот Мастер во Лондон, а притоа откри и кој му е најтешкиот противник во кариерата. Се присети и на своите почетоци, во 2002 година.

„Тогаш разбрав дека можам да ги победам најдобрите светски играчи. Таа година, 2003-та ова е првиот турнир на кој се пробив“ вели Швајцарецот.

Федерер вели дека против Надал секогаш бил фаворит, во сала.

„Секогаш постои притисок кога играм против Рафаел Надал во сала, затоа што сум фаворит. Тоа се менува во зависност од тоа како течат работите, но тој секогаш беше тежок противик за мене“ додава швајцарскиот ас.

Неодамна, во едно интервју го спомена и Бјорн Борг.

„Бјорн имал слична приказна како и јас. Работата е во тоа што тој многу брзо созреал, уште во тинејџерските денови. Затоа тој е заедно со Рафа најдобриот тинејџер во светот на тенисот во историјата“ смета Федерер.

Share
Scroll to Top